Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата

Портпаролката на француската влада, Мод Брежон, денеска соопшти за седум смртни случаи, меѓу кои пет предизвикани од давење, кои се поврзани со топлотниот бран што ја зафати Франција во последните неколку дена.
- Она што можам да ви го кажам денеска е дека се случија седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со топлото време – изјави Брежон за каналот ТФ1 (TF1), додавајќи дека ситуацијата дополнително ќе се прецизира по завршувањето на топлотниот бран.
Температурите во Франција и понатаму остануваат необично високи. Осум департмани во западниот дел на земјата прогласија портокалов код за опасно топло време, што е без преседан за месец мај.
„Попладнево максималните температури ќе достигнат од 33 до 36 степени во департманите каде што е прогласен портокалов код за опасно топло време. На ниво на цела Франција, овој ден се очекува да биде уште потопол од вчерашниот“, предупреди денеска француската метеоролошка служба.
МИА
Ново на Сител
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола
