Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран

Франција регистрирала 5.764 дополнителни смртни случаи за време на исклучително силниот топлотен бран што ја зафати земјата од 17 јуни до 2 јули, соопшти денеска француската Агенција за јавно здравје.
Од Агенцијата наведоа дека зголемената вкупна смртност засега не може со сигурност да се припише исклучиво на високите температури.
Според привремените податоци, ова е највисоката прекумерна смртност забележана во Франција по катастрофалниот топлотен бран во 2003 година.
Надлежните посочија дека бројките ќе бидат дополнително ревидирани и потврдени во наредните месеци.
Агенцијата соопшти дека зголемена смртност е регистрирана кај сите возрасни групи над 15 години, со особено изразен пораст кај лицата постари од 45 години, оценувајќи дека ваквиот тренд е „без преседан“.
Во најновите податоци се вклучени и смртните случаи евидентирани со хартиени потврди, кои не биле опфатени во претходните проценки, особено за лицата пронајдени починати во своите домови.
Министерката за здравство Стефани Рист на 3 јули соопшти дека во периодот од 22 до 28 јуни биле регистрирани најмалку 2.025 дополнителни смртни случаи, но тогаш нагласи дека податоците се нецелосни бидејќи не биле пристигнати сите извештаи.
Во прелиминарната проценка тогаш биле опфатени само електронските потврди за смрт.
Ново на Сител
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
-

Преглед на вестите од светот
