Франција го одбрани олимпиското злато во одбојка

Француската машка одбојкарска репрезентација ја одбрани титулата олимписки првак, откако попладнево во финалето на Игрите во Париз ја совлада Полска со максимални 3-0 во сетови (25-19, 25-20, 25-23).
Жан Патри беше најефикасен француски одбојкар со 17 поени, а ветеранот Бартош Курек со 10 поени ја предводеше Полска.
За Французите ова е втор олимписки медал и втор златен. Освен тоа, Франција стана третата репрезентација која успеала да го одбрани златото во машка одбојка, по СССР (1964, 1968) и САД (1984, 1988).
Од друга страна, актуелниот европски првак Полска го освои вториот олимписки медал, а прв по пауза од 48 години и златото од Монтреал во 1976 година.
Бронзата ја освои селекцијата на САД која во петокот ја совлада Италија со 3-0 (25-23, 30-28, 26-24).
Ново на Сител
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
