Македонија
27. February 2023 - 12:21
Формирано Управно тело кое ќе ја следи состојбата со трската на Охридското крајбрежје
Мапиран појасот на трската до критичните точки на загрозеност. Како што посочуваат добрите познавачи засега состојбата не е алармантна ,но заштитата треба да биде постојано под будна контрола. Формирано е Управно тело составено од 15тина претставници од сите институции кое ќе ја следи состојбата со трската на охрдиското крајбрежје.
Моментално се работи и на измени во законот за заштита на трската.
Во рамките на проектот „Мапирање и управување со трската на Охридското езеро“ се направени истражувања за сосојбите на појасот со трскат на седум локации на езерскиот брег. Експертите посочуваат дека општествената обврска на целата заедница е да се чува и штити животната средина, биодиверзитетот и природните богатства.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
