„Форбс“: Адам Сендлер е најплатениот глумец за изминатава година

Адам Сендлер нема да добие „Оскар“ овој викенд за комедијата „Случајни детективи 2“ (Murder Mystery 2), но може да се утеши со фактот дека овој филм му помогна да стане најплатениот глумец во Холивуд за изминатава година, според списанието „Форбс“.
Комичарот последен пат беше на врвот на таа топ-листа во 2002 година. Според пресметките, тој заработил 73 милиони долари, пред сé благодарение на договорот со стрим-платформата „Нетфликс“ и неколкуте филмови со коишто е актуелен. Тоа го постави над Марго Роби, која е втора. Нејзината заработка од 59 милиони долари главно се заснова на главната улога во филмот „Барби“, но и во остварувањето на Вес Андерсон – „Град на астероиди“ (Asteroid City) и како продуцентка на филмот „Салтбурн“.
Том Круз е на место број 3 на листата на „Форбс“ (45 милиони долари), најмногу поради филмот „Невозможна Мисија: Одмазда 1. дел“ (Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One), како и правата за стрим на „Топ ган 2: Маверик“.
Рајан Гослинг и Мет Дејмон го делат четвртото место, со заработка од по 43 милиони долари.
На топ-10 листата најплатени глумци се наоѓаат и Џенифер Анистон (42 милиони), Леонардо ди Каприо и Џејсон Стејтам (со по околу 41 милион долари заработка), Бен Афлек (38 милиони) и ѕвездата на „Израмнувач 3“ – Дензел Вашингтон со заработени 24 милиони долари.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
