Македонија
25. October 2023 - 23:33

Фон дер Лајен в недела во Скопје, ќе повлече ли нога за други посети

Во финишот на скринингот и рамката која ја постави ЕУ за завршување на уставните измени, се интензивира диломатската офанзива. Најавената посета на шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен за познавачите ќе биде уште едно уверување дека Унијата останува верен партнер на македонските интеграции.

Сепак според првиот човек на Институтот за демократија Трошановски, во фокусот на посетата на фон дер Лајен ќе биде опозицијата од која ќе се бара да ги смени ставовите за уставните измени.

Ваквите интензивни посети на европски челници, во услови кога во Македонија има силна политичка поделеност може да бидат само контрапродуктивни, дециден е Трошановски.

Освен Фон дер Лајен, желба да ја посети Македонија изразил и францускиот претседател Макрон, потврди пемиерот. Неодамна во Скопје беше и министерот за Европа на Австрија, кој порача дека важно е земјите од Западен Балкан да станат дел од Унијата, особено од безбедносен аспект.