ФИФА одлучи: 48 екипи за Светското првенство во фудбал за жени

Светското првенство за жени ќе се префрли од формат со 32 екипи на 48 екипи од 2031 година, одлучи Меѓународната фудбалска централа (ФИФА).
Одлуката беше донесена едногласно од Советот на ФИФА, кој го зеде предвид „извонредниот напредок на женскиот фудбал низ целиот свет“, објави седиштето пред својот 75-ти Конгрес, кој ќе се одржи во Асунсион (Парагвај).
Првенството во 2031 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, а жените ќе ги следат мажите, кои ќе играат во формат од 48 екипи од Светското првенство следната година во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, веќе ја откри веста за време на Конгресот на УЕФА во Белград во април.
-Не станува збор само за дополнителни 16 екипи, туку за влегување во нова фаза во развојот на женскиот фудбал, објасни Инфантино во соопштението.
Ново на Сител
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
