ФАО: Цените на храната се намалуваат, се чека поевтинување и во маркетите
Паѓаат цените на храната во светот, но граѓаните се уште не можат да го почуствуваат нивното намалување. Организацијата за храна на Обединетите нации- ФАО објави дека глобалните цени бележат најголем годишен пад во изминатите 3 години. Освен шеќерот и оризот, чии цени растеле – сите останатите производи се намалиле за 13,7 отсто од просекот во 2022 та. Иако индексот ги следи трошоците на суровите производи, а не цените на мало, големиот пад ќе биде сигнал за поевтинување на ххраната и во маркетите. За по драстично намалување треба да се зголеми и домашното производство . Тоа и е еден од приоритетите на ресорното министерство.
И додека храната поевтинува- угостителските услуги уриваат рекорди. За една годин поаскапеле за скоро 10 отсто. Одењето во ресторан станува вистински луксуз. Таму храната се продава поскапо за над 10 отсто, безалкохолните производи над 11, алкохолните 7, колку и ноќевањата во хотел.
Во моментов кај нас во сила се замрзнатите цени на основните прехранбени прозивдои,. А дали ќе се продолжи мерката, или ќе се дозволи слободно формирање на цените, ќе одлучува Владата при крајот на месецот.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
