Ф1: Нема опасност од откажување на трката во Абу Даби
Раководството на Формула 1 соопшти денеска дека трката за Големата награда на Абу Даби, со која се завршува сезоната, не е во опасност да биде откажана и покрај немирите во регионот поради војната меѓу Израел и Хамас..
Реакцијата со која Ф1 го потврди одржувањето на трката закажана од 24 до 26 ноември, уследи откако на социјалните мрежи се појавија шпекулации дека настанот ќе биде откажан поради безбедносни причини.
Претпоставките се дека гласините ги иницираше соопштението на британското Министерство за надворешни работи во кое се наведува дека британските туристи кои ги посетуваат Обединетите Арапски Емирати требал да бидат внимателни поради зголемени закани од терористички напади.
Дополнително, известување со иста содржина за своите граѓани објавија и Германија, Франција, Белгија и Бахреин.
Ново на Сител
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
