-->
-->
Ф-1: Триумф на Перез во Азербејџан
-->

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез е победник на трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1.
Мексиканецот ја однесе шестата победа во кариерата на уличната патека во Баку, еден ден откако славеше во спринтерската трка.
Второто место го зазеде неговиот тимски колега, двократниот последователен светски шампион Макс Верстапен, а на подиумот оваа сезона првпат се најде и Шарл Леклер од Ферари.
Четврти целта мина Фернандо Алонсо од Астон Мартин, на петтото место заврши возачот на Ферари, Карлос Саинц, додека шестото место го освои Луис Хамилтон од Мерцедес.
Бодови освоија и Ленс Строл (Астон Мартин), Џорџ Расел (Мерцедес), Ландо Норис (Мекларен) и Јуки Цунода (Алфа Таури).
Во генералниот пласман по четири трки води Верстапен со 93 бодови, втор е Перез со шест бодови помалку, додека трет е Алонсо со 60 бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
