„Евровизија“ се шири во Азија – првиот натпревар закажан за ноември во Бангкок

Организаторите на музичкиот натпревар „Евровизија“ објавија дека првото азиско издание на меѓународниот музички натпревар ќе се одржи на 14 ноември во главниот град на Тајланд, Бангкок.
Правилата за новиот натпревар сè уште не се објавени. На европскиот натпревар, националните радиодифузери избираат изведувачи кои ќе настапат со оригинална песна долга до три минути на сцената. Инаку, првите 10 земји учеснички на азиското издание се Јужна Кореја, Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Лаос, Малезија, Непал, Филипините, Виетнам и домаќинот Тајланд. Организаторите велат дека и други земји би можеле да се приклучат на натпреварот во наредните месеци, пренесува „Ен-би-си“ (NBC).
Директорот на „Евровизија“, Мартин Грин рече дека лансирањето на азиското издание е особено значајно во годината што ја одбележува 70-годишнината од натпреварот.
– Азија е подрачје богато со култура, креативност и музички талент, додаде тој.
Замислата за азиска верзија на „Евросонг“ постои уште од 2008 година, иако сè уште не е спроведена. Регионалните сили Кина и Јапонија засега не учествуваат во азиското издание. Аналитичарите, сепак, велат дека новиот натпревар би можел да биде под влијание и на геополитиката, со оглед на споровите, на пр., меѓу Тајланд и Камбоџа или територијалните претензии во Јужното Кинеско Море.
И Русија лани го заживеа својот меѓународен натпревар сличен, но независен од евровизискиот. „Интервизија 2025“ се одржа на 20 септември во Москва. Следното издание е закажано да се одржи во Ријад, Саудиска Арабија, во ептември, оваа 2026 година.
Организаторите проценуваат дека новиот азиски натпревар би можел да привлече публика од повеќе од 600 милиони луѓе, значително повеќе од приближно 166 милиони гледачи кои го гледаа последното европско издание.
МИА
Ново на Сител
-

МНРиНТ: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ
-

Владата со демант за набавка на вода за Гостивар: Договорот преку тендер го доби „Кожувчанка“, СДСМ ја манипулира јавноста
-

Министерството за енергетика: Домашниот електроенергетски систем е стабилен и подготвен
-

Роверот „Кјуриосити“ на НАСА откри полигонални пукнатини на Марс
-

Меколи Калкин се сретнал со „Дизни“ за „Сам дома 7“
-

Актерот Бен Афлек освои милион долари во квизот „Кој сака да биде милионер“ - ги донираше на локалните заедници во Конго
-

Сингапур им забрани на „Масив атак“ влез во земјата поради палестинското знаме
-

Во западна Турција откриена ретка статуа стара 2.500 години
