Евакуираните Македонци од Газа се уште не се пристигнати дома
Извлечените македонски државјани кои по речиси еден месец конечно го напуштија појасот Газа се уште не се пристигнати дома. Од МНР засега не соопштуваат дали семејството кое беше засолнето во египетскиот главен град воопшто е тргнато на пат за Македонија. Нема ниту информации дали и кога заглавениот брачен пар во појасот ќе биде ставен на листата за евакуација.
Од министерството за сител кратко посочија дека обновени информаци ќе има во текот на утрешниот ден.
Медиумите во Хрватска пак споделуваат податоци за повеќе загинати нивни државјани. Од хрватското МНР пријавија дека имаат информација за еден загинат хрват, која највројатно бил во северот на Газа, во жариштето на битките.
Додека во Газа се прават списоците за евакуација, израелските сили ја продолжуваат копнената офанзива во појасот , најавувајќи дека целта е да се опколи градот Газа. Израелската војска потврди и дека извршила воздушен напад во област во близина на болница која ја користат членовите на Хамас за нивните активности.
Од друга страна пак палестинците пријавуват и израелски воздушен напад врз амбулантни возила кои се користеле за евакуација на ранети од опколената северна Газа. 15 лица се убиени, додека 60 се ранети. Израел ја презеде одговорноста за нападот и тврди дека во возилата се превезувале ранети милитанти од северот кон југот на енклавата.
Денеска и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган поради овие напади ги прекина сите контакти со израелскиот премиер. Нетанјаху повеќе не е некој со кој можеме да разговараме. Го пречкртавме“, порачал Ердоган. Поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Газа, Турција го отповика и својот амбасадор во Израел.
И додека на боиштата не запираат нападите, се подготвува нова резолуција во ОН, од 10 непостојани членки на Советот за безбедност. Во таа резолуција, меѓу другото, ќе биде осуден и Хамас - што некои земји веќе го условуваа за да гласаат „за“. На последната резолуција во ОН, Македонија гласаше воздржано.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
