ЕУ одобри воведување санкции против Иран поради затворање на Ормуска Теснина

Советот на Европска Унија одобри воведување санкции против Иран поради затворањето на Ормуска Теснина.
Одлуката предвидува проширување на опсегот на санкциите првично предвидени за иранската помош на Русија во војната против Украина и за вооружените групи на Блискиот Исток и регионот на Црвено Море.
Дополнителните санкции ќе бидат воведени врз поединци и субјекти вклучени во дејствијата и политиките на Иран против слободата на пловидба на Блиски Исток.
Дејствијата на Иран против бродовите што транзитираат низ Ормуска Теснина се спротивни на меѓународното право. Ваквите дејствија ги кршат утврдените права на транзит и мирно поминување низ меѓународните теснини, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.
Европските санкции ќе вклучуваат забрана за патување во ЕУ и транзит, замрзнување на средства и забрана за примање средства од европски извори.
ЕУ првично воведе санкции врз Иран поради неговата поддршка на Русија во војната во Украина во јули 2023 година, а пред еден месец Европскиот совет одлучи дополнително да го прошири опсегот на овие мерки.
МИА
Ново на Сител
-

Унгарската владејачка партија предлага ограничување на премиерскиот мандат на осум години
-

Кајли Миног за борбата со ракот: Траумата сè уште ме прогонува
-

Белгија покрена судска истрага во врска со случајот со наводното „човечко сафари“ во БиХ
-

ФК Шкендија се правда: Не ги одбивме медалите, фудбалерите поради бучава не го слушнаа повикот на официјалниот спикер
-

Николоски: Ние сме единствена земја во регионот што отвара нови авио линии во најголемат авиокриза
-

Најстудено во Маврови Анови и Лазарополе, најтопло во Гевгелија
-

Регионална конференција „Граѓанска енергија: политики, практики и регионална размена“
-

Вознесение Христово - Спасовден
