Свет
22. May 2026 - 19:24

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

Словенечкиот парламент денеска го избра Јанез Јанша за нов премиер на земјата, доделувајќи му го четвртиот мандат на функцијата, откако неговата партија загуби на националните избори во март.

Агенцијата СТА јави дека 51 пратеник гласале „за“ Јанша, а 36 биле „против“, пренесе ДПА.

Јанша планира да формира малцинска влада со својата Словенечка демократска партија (СДС) и други десничарски партии, поддржана од надвор од ултрадесничарската, проруска група „Ресница“ (Вистина).

Јанша го наследува лево-либералниот Роберт Голоб, кој беше на власт во изминатите четири години. Движењето „Слобода“ (ГС) на Голоб тесно победи на парламентарните избори оваа година пред СДС на Јанша, но веќе немаше мнозинство со своите претходни левичарски коалициски партнери.

Во обраќањето пред парламентот пред гласањето, Јанша изјави дека неговата влада ќе продолжи со децентрализацијата и кратењето на бирократијата, како и со борбата против корупцијата.

– Создаваме иднина во која на нашите потомци ќе им биде подобро отколку нам – рече тој.

Јанша (67) претходно владееше од 2004 до 2008 година, од 2012 до 2013 година и од 2020 до 2022 година.

Ново на Сител