ЕУ извештајот во Собранието: Власта и опозицијата се уште се обвинуваат за лошите оценки
Нема промена на ставовите меѓу власта и опозицијата за тоа чија е одговорноста за критиките на Брисел за работата на парламентот дури и откако Извептајот стигна во рацете на пратениците. На заеднички состанок на Националниот совет за евроинтеграција, предводен од опозицијата и Комисијата за европски прашања,предводена од власта евроамбасадорот Гир повторно укажа на слабостите.
Вицепремиерот Маричиќ пак, како и досега слабиот напредок во реформите го препиша на активната блокада на опозицијата.
Парламентот е целосно исклучен од евроинтеграцискиот процес, се пожалија од опозицијата.
Народните избраници од власта пак, тврдат дека реформите ќе ги поттикне планот на ЕУ за раст на западен Блакан.
Она на што единствено се согласија двете страни е дека зад затворени врати ќе разговараат за патоказите што Македонија ќе ги добие од Унијата за да бил постигнат политички консензус за нив.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
