Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот

За оние кои сакаат одмор во урбана, градска средина, а сепак не преполна со туристи, каде што воздухот е чист, а улиците - без ѓубре, Естонија е „совршената земја“, бидејќи тукушто е прогласена за најчиста земја во светот.
Според извештајот „Воздухот што го дишеме“ на „Ворлд попјулејшн ревју“ (World Population Review), оваа балтичка држава е земјата со најчист воздух. Така, според Индексот за еколошко уредување (ЕПИ), којшто се насочува на фактори како што се испуштање стакленички гасови, јаглерод-диоксид, достигнувања во однос на негативните емисии на метан, спроведувањето политики за животна средина, проширувањето на шумите, обновливи извори на енергија и шуми, Естонија е на првото место на листата. Нејзината ЕПИ-оценка е 75,3.
Следни европски држави на оваа листа се: Луксембург (со ЕПИ 75), Германија (74,6), Финска (73,7), Обединетото Кралство (72,7), Шведска (70,5), Норвешка (70), Австрија (69), Швајцарија (68) и Данска (67,9). Всушност, тие се на врвот на светската топ-листа најчисти земји од 2020 година досега.
Уште повеќе, главниот град на Естонија - Талин во 1997 година е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, поради исклучително добро зачуваното старо градско јадро од 13. век, со изворно стари градби.
Во тн. Горен Град, се наоѓа и естонската Влада, сместена во средновековната розова куќа „Стенбок“. Во близина е и 800-годишниот дворец Томпеа и Долниот Град. Кулата „Пик Херман“, којашто е највисок дел од дворецот, со своите 45 метри, велат, е место за искачување (по скали) што мора да се доживее. Меѓу најпосетените знаменитости во Талин се и катедралата „Александар Невски“, Уметничкиот музеј „Кадриорг“ и Паркот „Кадриорг“.
Ново на Сител
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
