Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо

Американскиот музичар и продуцент Маршал Метерс, попознат како Еминем, објави дека неговата ќерка Хејли Џејд Метерс го чека своето прво дете, и тоа преку новиот спот за песната „Temporary“.
Во видеото, Хејли, инаку исто така музичка уметница и водителка, на татко си му дава син дрес од Детроит Лајанс со број 1, а наместо име стои натпис „Дедо“ на грбот. Зачудениот рапер потоа држи и слика од ултразвук.
Музичкото видео содржи монтажа на домашни видеа од детството на Хејли и младоста на Еминем, како и снимки од нејзината неодамнешна венчавка со Еван Меклинток.
Набргу по објавувањето на видеото, Хејли на Инстаграм објави низа слики од ултразвук, со порака дека бебето треба да се роди следната година. Таа и Меклинток се заедно од 2016 година. Се свршија во февруари 2023 година, а во брак се од мај.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
