Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо

Американскиот музичар и продуцент Маршал Метерс, попознат како Еминем, објави дека неговата ќерка Хејли Џејд Метерс го чека своето прво дете, и тоа преку новиот спот за песната „Temporary“.
Во видеото, Хејли, инаку исто така музичка уметница и водителка, на татко си му дава син дрес од Детроит Лајанс со број 1, а наместо име стои натпис „Дедо“ на грбот. Зачудениот рапер потоа држи и слика од ултразвук.
Музичкото видео содржи монтажа на домашни видеа од детството на Хејли и младоста на Еминем, како и снимки од нејзината неодамнешна венчавка со Еван Меклинток.
Набргу по објавувањето на видеото, Хејли на Инстаграм објави низа слики од ултразвук, со порака дека бебето треба да се роди следната година. Таа и Меклинток се заедно од 2016 година. Се свршија во февруари 2023 година, а во брак се од мај.
Ново на Сител
-

СП 2026: Уругвај избегна пораз од Саудиска Арабија
-

Зеленски: Заедно со Трамп му предложивме на Путин средба во САД, сега чекаме одговор
-

Венс: Меморандумот меѓу САД и Иран е општ документ, деталите допрва ќе се договараат
-

Премиерот Мицкоски ќе објави нова инвестиција во ТИРЗ Тетово
-

Бразилец тренер на Чикаго Булс
-

СП 2026: Египет поведе, Белгија изедначи – дуелот заврши без победник
-

Јавна расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба
-

Променливо облачно и топло, попладне можност за локален пороен дожд
