Македонија
16. јуни 2026 - 8:19

Јавна расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи јавна расправа по Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба.

Со Предлогот на закон за судска служба се уредува посебниот статус на вработените во судската служба и тоа посебните државни службеници-судски службеници, државните службеници, судската полиција и помошно техничкиот персонал.

Со Предлогот на закон за јавнообвинителска служба се уредува посебниот статус на вработените во јавнообвинителската служба, посебни државни службеници (јавнообвинителски службеници), државните службеници и помошно техничкиот персонал-лицата вработени во јавните обвинителства за техничка поддршка и други помошно-организациски работи.

 

МИА

Ново на Сител