Македонија
13. December 2023 - 16:42

Екстрадицијата на Палевски ќе трае со месеци

Екстрадицијата на Палевски од Турција може да се трае со месеци. Од министерството за правда се надеваат дека постапката нема да се одолговлекува бидејќи соработката со Турција е одлична, но дури и се да оди без проблем враќањето на Палевски не може да се очекува за денови или недели.

Турското министерство за правда вчера го добило барањето за екстрадиција на Палевски, но тој може да се жали на секое решение, вклучително и на екстрадицискиот притвор кој му е определен.

На дали и за што Палевски ќе се жали и дали ќе бара азил, се информации за кои македнските институции нема да бидат известени.

Екстрадицијата може да се случи по скратена постапка, но само ако притвореното лице се согласи да биде предадено. Најкратката екстрадиција што сме ја имале во досегашното функционирање траела десет дена со Швајцарија кога буквално моравме да отидеме физички да си го земеме лицето. Но знаејќи за кого се работи во овој случај, очекуваме тој да се жали на секоја точка и запирка во целокупната постапка. Има право на жалба и на притворот и на секоја фаза од постапката за екстрадиција“, велат од секторот за меѓународна соработка во Министерството за правда.

Но додека орагните во министерството за правда кој го водат процесот не очекуваат брза екстрадиција, заменик министерката со спротивно очекување. Вели дека се прави се за Палевски да биде вратен за помалку од 40 дена.

-Во релативно насјкоро време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би било во најбзро време екстрадицијата. Затоа што напоменав дека Министерството за правда ќе направи напори, тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскоро време, вели Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда

Од кабиентот на Пендаровски пак информираат дека вчера била испратена порака до турскиот претседател Ердоган за побрза екстрадиција на Палевски. И додека оттаму повеќе информации не откриваат, министерството за правда апелира функционерите во оваа фаза да се воздржат од политички изјави кои само и штетат на постапката.