Македонија
15. јуни 2022 - 12:24
Експертите сметаат дека војната во Украина има и религиска позадина
Академската фела бара начини како да ги ублажи последиците од војната во Украина. Експертите сметаат дека воениот конфликт има религиски елементи. Уште во 2019 на конференцијата за религиски дијалог и соработка каде се барале решенија за да им се помогне на политичката и религиската елита бил предвиден конфликтот во Украина.
Сведоци сме дека религијата силно влијае на меѓународните односи, на нашите општества и на нашите животи.
На европската конференција професори од Украина зборуваа за воениот конфликт и за тоа колку религијата може да помогне во градењето на мир. Научните трудови кои ќе бидат објавени во светот ќе ги пренесат идеите и пораките за да се спречат крвавите војни.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
