Експертите скептични дека новиот закон за помилување ќе биде праведен
Новиот закон за помилување ја укинува аболицијата, но не нуди кртиериуми за помилување додека пак, составот на Комисијата за помилување во рамките на министерството за правда не нуди гаранции за правично помилување и отвара можност за корупција, вели адвокатот Тони Менкиноски.
Впрочем, со предлог-законот за помилување судската власт целосно е исклучена од процесот на помилување на осудените лица. Адвокатот вели дека освен судии, во Комисијата треба да има и пратеници за да нема политички одлуки.
Имено, со законот се формира нова Комисија за помилување во рамките на министерството составена од министерот плус 6 члена со мандат од 4 години. Тројца од нив треба да се правници, додека пак, еден да е со медицинско искуство. За својата работа ќе земаат месечен хонорар од една просечна плата, а одлуките ќе се носат со мнозинство гласови.
Дополнително, шефот на државата може да формира и своја комисија за помилување. Ваквото удовојување на телата според Менкиноски дополнително ќе го дискредитира процесот.
Адвокатот вели дека има и остатоци од средниот век, па осуденотот лице, наместо барање како во сите демократски држави, треба да поднесе молба за помилување што е дискриминирачки.
Новиот закон за помилување е поставен на ЕНЕР и според плановите треба да влезе во собраниска процедура до крајот на мај. Со него се укинува можнпоста шефот на државата да даде полиување пред завршување на судскиот процес со правосилна пресуда.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
