Македонија
26. April 2023 - 19:49

Експертите на УНЕСКО со три клучни препораки за Охрид

Она што се случува со нелегалните градби е недозволиво за подрачје кое има глобална вредност, Охридскиот регион  мора да се  заштити порачаа претставниците на Бернската  и Рамсарската конвенција заедно со експерти од комисиите на УНЕСКО од Охрид .Тие посочија дека проблемот, нема да се реши со планови на хартија потребно е управување на терен.

Нелегалните градби,животната средина,Студенчишкото блато и урбанистичкиот план Горица Север беа дел од темите на средбата со градоначалникот Пецаков.

(Тоа што се случува со нелегалните градби навистина не би требало да се случува на подрачје кое има толкава глобална вредност. Слушнавме зборови дека и оваа власт ќе се погрижи за тоа овој процес да застане и да се направи тоа што е потребно за нелегалните објекти, да се пристапи и да се почне да речеме да се решава проблемот. Второто прашање беше за управување со Езерото кое сега е Парк на природата и слушнавме што е многу важно на национално ниво дека Општина Охрид не само што ќе управува тука на овој простор и да става важни напомени на хартија, туку ќе размислува и за тоа дека конечно ќе дојде и до управување на терен, да се управува како со право заштитено подрачје.)

Градоначалникот Пецаков  најави дека е задоволен од состанокот и дека се подготвени да работат на постоечките, но и идните препораки и мерки што ќе бидат дадени. За одредени проекти како што рече  била побарана и помош за реализација.

Експертите посочија дека ситуацијата во Струга е далеку покритична а проблемот со дивоградбите еден од најголемите.(Струга е дел од Охрид тоа не е поразлично подрачје  ние ке им објасниме таму дека може да има развој и  туризам  а оние кои гледаат само масовен туризам и градење ќе мора да дојдат до компромис бидејки вака понатами нема да може. )

Извештајот кој ке биде направен од  терен ќе доведе до заклучоци кои ке донесат нови мерки и забелешки кои ќе треба да се  превземат се со цел охрискиот регион да не се најде на листата загрозени подрачја .Следниот состанок е  закажан за месец декември.