Македонија
17. April 2023 - 16:29

Експертите на УНЕСКО овој месец во Охрид, локалната власт се надева на позитивен извештај

Експерти на УНЕСКО на крајот на месецот доаѓаат да видат што се прави во Охрид. Мониторинг мисијата треба да утврди колку е заштитено природното и културното наследство и колку од дадените препораките се исполнети. Градоначалникот Пецаков вели дека иако се преземаат мерки изминатиов период и се надева на позитивен извештај сепак се води сериозна негативна кампања против градот од лица кои немаат никаква врска ни потекло од Охрид.

Градоначалникот Пецаков најави дека ова лето плажите ќе работат, ќе има урбана опрема шанкови, маси и столици на најатрактивните локации до донесувањето на планот за управување со охридското крајбрежје, кој треба да покаже, на кои места би можело да има уредени плажи.

По акцијата во која беа урнати палтформите и затворени најатрактивните плажи туристите останаа без уредени капалишта каде ќе можат да одмараат.