Македонија
23. April 2023 - 16:34
Екологистите против издавањето под концесија на Охридското езеро - Ќе се влоши состојбата со пастрмката
Не стивнуваат реакциите на екологистите по издавањето на Охридското езеро под концесија .Тие велат дека без изработена риболовна основа која што ќе дефинира различни заштитни зони и популација на охридската пастрмка недозволиво е некој да стопанисува со езерото и апелираат да се постави видео надзор за да се спречат рибокрадците .
За жал сеуште е критична состојбата со охридската пастрмка и белвица која се лови од албанска и македонска страна.
И покрај ваквите тврдења од страна на екологистите но и препораките на Унеско со охридското езеро во наредните шест години ќе стопанисува струшка фирма.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
