Екологистите апелираат до Апелациониот суд да го реши случајот со струшката депонија
Струшката депонија заглави во апелација. Екологистите бараат итно решавање на овој проблем и преземање на конкретни мерки бидејќи како што велат се загадува животната средина и се загрозува здравјето на луѓето. Со самото пасивно постапување на апелациониот суд се губи смислата на итноста на мерките за кои бараат да бидат имплементирани бидејќи како што велат се чека повеќе од 7 месеци.
Дека дивата струшка депонија е загадувач кој влијае врз здравјето на луѓето го докажува и вештачењето како дел од тужбата која здружението на млади правници ја поднесе против Министерството за животна средина, Општина Струга и струшкото комунално претпријатие за непостапување по законите за управување со отпадот.
Ова е прва граѓанска тужба за струшката депонија.Судскиот процес за дислокација на дивата струшка депонија започна во април 2021.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
