Македонија
29. јуни 2026 - 8:39

Едно возило се преврте во тешка сообраќајка утринава, повредени повеќе лица

Рано утринава на автопатот, на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром, се случи тешка сообраќајка во која едно возило се преврте.

Според сведоштва на очевидци, повредени се повеќе лица.Засега нема официјални податоци за нивната состојба.

Полицијата е излезена на терен и врши увид, а сообраќајот во овој дел од патот се одвива отежнато.