-->
-->
Един Џеко највозрасен стрелец во УЕФА Конференциската лига
-->

На синоќешните дуели од УЕФА Конференциската лига тетовска Шкендија ја оствари првата победа, а репрезентативецот на БиХ Един Џеко постави рекорд.
Тој беше стрелец на еден од головите на неговиот тим против Рапид Виена, кој Фиорентина го доби со 3:0. Џеко го постигна вториот гол на почетокот на вториот дел со што и практично беше решен победникот на дуелот.
Со постигнатиот гол капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина стана највозрасниот фудбалер што постигнал гол во ова натпреварување со 39 години и 220 дена.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме
-

Мицкоски: Фетаи ќе се врати во Брисел, реконструкцијата ќе биде на крајот на мај или јуни, можни се ротации на ресорите
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
