Еден загинат и тројца повредени градежни работници, биле затрупани со земја на градилиште во Скопје

Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информираше доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош - Скопје.
Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, како што рече, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.
-Интервениравме со четири амбулантни возила, рече доктор Панов.
Министерството за внатрешни работи претходно информираше дека изутринава во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.
-Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице, велат од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
