Loading Video...
Свет
23. July 2023 - 16:31

Еден загинат, 19 повредени, меѓу кои четири деца е билансот по рускиот воздушен напад врз Одеса

Еден загинат, 19 повредени, меѓу кои четири се деца е билансот по рускиот воздушен напад врз Одеса во која најголеми оштетувања претрпе православна катедрала. Украинските власти велат дека иконата на покровителката на градот била извадена од под урнатините.

Уништени се и шест куќи и станбени згради во кои живеат цивили.

Жителите на Одеса тагуваат по храмот во кој се наоѓаше Касперовската икона на Богородица – заштитиничка на Одеса.

Моето дете беше запишано овде. Редовно присуствувавме на богослужбите во катедралата. Свештениците овде се прекрасни. Луѓето треба да престанат да бидат толку сурови.

Украинската армија предупредува дека можни се нови воздушни напади.

Сè уште сметаме дека веројатноста за дополнителни ракетни напади е многу голема. Сакам да ги потсетам сите дека непријателот може да нападне и преку ден, како што беше направено пред неколку дена по силен напад преку ноќ. Нападнати се инфраструктурни објекти во регионот. Ве молам, бидете внимателни и внимателни.

Градоначалникот на Одеса е шокиран со последните напади.

Што мислат тие дека прават? Мислам дека веќе многу пати им е кажано кои се всушност. Бев шокиран кога видов дека луѓето од Вискови останаа без покрив над главата. Исто така, и на  Палкивска улица - четири куќи, луѓето преживеале само со чудо.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека украинската контраофанзива на Украина пропаднала. Тој во Санкт Петербург е домаќин на неговиот белоруски колега и близок сојузник, Лукашенко.

Украина минатиот месец ја почна долгоочекуваната контраофанзива, но досега постигна мали придобивки против руските сили кои контролираат една шестина од нејзината територија.

Најмалку еден загинат, петмина повредени и двајца исчезнати во Грција откако се урна дел од мост во изградба кај градот Патра, јавуваат грчките медиуми. Но официјалните информации од грчките служби велат дека под мостот има заробени непознат број на луѓе.

Во тек е голема спасувачка акција, а причините за уривањето на мостот засега не се познати. Патот треба да ги поврзе Патра со Атина.

Вонредни парламентарни избори во Шпанија кои за првпат по 50 години би можеле да донесат екстремно десничарска партија на власт. Социјалистичкиот премиер Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори откако левицата беше поразена на локалните избори во мај.

Анкетите покажуваат дека изборите најверојатно ќе донесат победа на централно-десничарската Народна партија на Алберто Нуњез Фејо, но за да формира влада ќе мора да се здружи со екстремно десничарскиот блок. Со тоа, за првпат по диктатурата на Франциско Франко од 70-тите години на минатиот век, екстремно-десничарска партија би можела да влезе во шпанската влада.

Левицата се мобилизира и бара што поголем број на гласачи да излезат и да гласаат за зачувување на своите права.

-Во прашање се денешните права, а утре би можеле да се разбудиме со повеќе права, поголема демократија и поголема слобода. Ве повикувам да гласате. Над се, ве повикувам да се сетите дека правото на глас не ни падна од небо, дека за него се боревме многу во оваа држава, за да можеме да гласаме за слобода. Денеска многу работи се во прашање, за мојата генерација ова се најверојатно најважните избори.

Погледите на Европа се насочени кон Шпанија, каде што широко очекуваната победа на десницата на изборите може дополнително да ја зајакне доминацијата на конзервативните партии во ЕУ.