Еден војник загина и еден е сериозно повреден од експлозија на рачна граната за време на обука на грчкиот остров Родос

При експлозија на рачна граната за време на закажана обука за фрлање гранати на грчкиот остров Родос, животот го загуби 19-годишен професионален војник, а негов колега е сериозно повреден, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Генералштабот на грчката армија соопштија дека несреќата се случила рано утрово, двајцата професионални војници веднаш биле пренесени во болница, каде што била констатирана смрт кај 19-годишниот, а 39-годишниот бил опериран, додека причините за несреќата се истражуваат.
Според весникот „Родаики“ од Родос двајцата војници (пиротехничари), добиле наредба да го проверат оружјето што подоцна требало да се користи за обуката, а при преносот едната рачна граната се активирала и експлодирала.
Претседателот на Грција Константинос Тасулас и министерот за одбрана Никос Дендиас изразија сочувство до семејството на загинатиот професионален војник, како и желби за брзо закрепнување на повредениот.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Напаѓачот е „болен човек кој ги мрази христијаните“
-

Портокалов ден во Градскиот парк по повод Денот на кралот на Холандија
-

Измените на законот за пратениците пред Законодавно-правната комисија
-

Сончево и топло, од утре до крајот на неделата дожд
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
