-->
-->
Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-->

Центар за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека при денешната интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар.
-Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ - посочуваат од ЦУК.
Воедно, потенцираат дека причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Како што нагласуваат, според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија на боца под притисок.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
