ДЗС апелира до граѓаните пронајдените неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска во 14:00 часот ќе одржи прес-конференција во просториите на Дирекцијата.
Тема ќе биде уништувањето на две хемиски гранати од 75 mm, со екстремно отровен боен отров - неексплодираните убojни средства (НУС) со хемиско полнење од Првата светска војна.
Воедно, од ДЗС ги повикуваат граѓаните доколку пронајдат неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните институции.
- Апелираме до граѓаните кога ќе пронајдат гранати, бомби, пушки, муниција и слични оружја од минатите војни, во природата или пак и во урбани населби, да не ги поместуваат туку веднаш да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, по што, по што Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соодветно и согласно стандардните оперативни процедури СОП за НУС, ќе ја ја отстрани опасноста, наведуваат од ДЗС
МИА
Ново на Сител
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
