Џејмс Рубин на Балканот поради сериозните руски дезинформации
Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман, Џејмс Рубин, идната недела доаѓа во Скопје. Како што соопшти американскиот стејтдепартмент посетата на Рубин е во рамки на балканската турнеја во која покрај Скопје ќе ги посети и Тирана и Подгорица.
„Тој ќе се сретне со владини претставници во Подгорица и Скопје за да ја зајакне поддршката за иницијативите против дезинформациите. Ќе разговара за напорите на Русија, Кина и другите злонамерни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност ширум светот и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор“ се вели во соопштението.
Во изјава за српската телевизија Н1, Рубин рече дека е загрижен за нивото на руски дезинформации и пропаганда кои се шират преку балканските медиуми
За време на неговиот престој во Тирана, тој ќе се сретне со американските амбасадори од Западен Балкан.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
