Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија

Два големи шумски пожари синоќа гореа во јужна Калифорнија, предизвикувајќи наредби за евакуација на десетици илјади жители, додека силните ветрови се закануваат дополнително да го распламтат огнот, соопштија локалните власти.
Шумски пожар северозападно од Лос Анџелес, во близина на градот Сими Вали, се проширил на површина од околу 5,5 квадратни километри, според информациите од пожарникарите. Друг пожар на островот Санта Роса, во близина на брегот на Калифорнија, се проширил на околу 59 квадратни километри, соопшти државната противпожарна агенција Cal Fire.
Како што пренесе ДПА, наредби и предупредувања за евакуација биле воведени во неколку окрузи. Само во округот Вентура се засегнати околу 29.000 луѓе.
Националната метеоролошка служба за регионот ги прогнозира таканаречените ветрови Санта Ана, кои се познати по брзото ширење на шумските пожари.
Ново на Сител
-

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата
-

СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Запленети пури во вредност од четири илјади евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
