-->
-->
Дрон удри танкер за превоз на гас во египетско медитеранско пристаниште
-->

Дрон удри американски танкер за превоз на гас во египетското медитеранско пристаниште Дамиета, соопшти британската организација за поморска безбедност „Амбри“, повикувајќи се на првичната проценка на инцидентот.
Компанијата за пристанишни услуги „Инчкејп“ додаде дека два танкери со гас се зафатени од пожар во Дамиета.
Дронот го удрил танкерот со име „Енергос Винтер“ предизвикувајќи пожар кој потоа се проширил на друго пловило – „Газлог Салем“, соопштија три добро информирани трговски извори.
Два други извори од сферата на безбедноста изјавија дека причина за експлозијата е удар со дрон.
Екипажот е евакуиран, а пожарот е ставен под контрола, соопшти „Амбри“ и додаде дека досега никој не презел одговорност за инцидентот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
