Дознајте дали некој ви ги злоупотребува фотографиите на Фејсбук
Иако станува збор за многу корисна опција, можноста на Фејсбук да ве препознае во секој момент вознемири многумина.Новиот додаток на најпопуларната социјална мрежа користи препознавање на лица за да ви испрати нотификација доколку некој неовластено постави ваша слика на Фејсбук.
Фацијалното препознавање не е ништо ново на Фејсбук, но она што е ново е ширењето на оваа технологија која помага во сигурноста и безбедноста на идентитетот на корисниците. На пример, ако некој кој не е во вашата листа на пријатели објави ваша слика, Фејсбук ќе го препознае вашето лице и ќе ве извести.
Иако станува збор за многу корисна опција, можноста на Фејсбук да ве препознае во секој момент вознемири многумина.
Доколку сте еден од нив, многу лесно можете да ја исклучите.
Се што треба да направите е да влезете во Privacy Shortcuts, изберете More Settings, кликнете на Face Recognition/No. За десктоп е уште полесно, Settings> Face Recognition > Edit > No.
Ново на Сител
-

„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов
-

Во Берово најстудено утрово, во Гевгелија најтопло
-

Кошаркарките на Крива Паланка на чекор до прва шампионска титула
-

Ф1: Трета последователна победа на Антонели
-

Со победата над Парма, Интер стигна до нова титула во Серија А
-

Мерц вели дека царините за автомобили на Трамп се насочени кон Европа, а не само кон Германија
-

Четириесет и шест години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Сто дваесет и три години од загинувањето на Гoцe Делчeв
