Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на групата Север од третата лига донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири (32) и Ердин Арифи (18) од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот Беса - Аеродром, одигран во рамки на 8. коло од третата лига Север.
Домашниот терен на Беса во Слупчане се суспендира на 10 натпревари. Истовремено, ФК Беса согласно Дисциплинскиот правилник е должен да плати и парична казна.
„Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на сите дисциплински прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот. Ставот на ФФМ е јасен и недвосмислен: Во фудбалот нема место, ниту милост за оние што се подготвени да тепаат, линчуваат и го нарушуваат угледот на фудбалот“, соопшти ФФМ.
Инцидентот се случил по завршувањето на натпреварот во кој Аеродром победил со 2:1 на гостувањето во Слупчане. МВР објави дека двајцата тепачи биле приведени.
Ново на Сител
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
