Македонија
24. September 2026 - 12:42

Донесено решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет

Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно го донесе решението за формирање на Комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет, по огласот за избор на член, што го избира Собранието.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски појасни дека согласно Законот за Судски совет, Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, формира Комисија за селекција на кандидати за членови на Судскиот совет. По објавен повик за определување на претставници кои не се од редот на пратениците, Комисијата за селекција е составена од седум члена.

- По еден член предложен од Здружението на судии, Адвокатската комора и од граѓанскиот сектор од областа на владеењето на правото и правосудството предложен од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како и по двајца пратеници од парламентарното мнозинство и од парламентарната опозиција. Комисијата за прашања на изборите и именувањата достави дописи до релевантните институции за определување на свои претставници кои не се од редот на пратениците, а исто така беа побарани и предлози од координатори на пратенички групи од парламентарното мнозинство и од опозицијата - подвлече Сајкоски. 

Решението е објавено на е-Парламент.

 

МИА

Ново на Сител