Домашните миленици можат да имаат исто толку позитивно влијание врз менталното здравје како и брачниот партнер

Истражувачите со години укажуваат на тоа дека сопствениците на домашни миленици имаат понизок степен на стрес и поголемо чувство на среќа. Сепак, долго време остануваше дилемата дали кучето или мачката навистина го зголемуваат животното задоволство и нè прават среќни.
Најновото истражување укажува на тоа дека домашните миленици директно придонесуваат за подобро ментално здравје, а тој ефект, според научниците, е еднаков на вредност од околу 90.000 долари, износ што економистите го споредуваат со бракот или животот во вонбрачна заедница.
Студијата нуди важни насоки како би можеле да го подобриме менталното здравје преку вклучување на домашните миленици во заедницата и со тоа да ја намалиме осаменоста. Истражувањето е засновано на анализирање податоци обезбедени преку долгорочно следење на домаќинства во Обединетото Кралство. Со примена на дополнителни статистички методи, истражувачите заклучиле дека позитивното влијание врз луѓето навистина доаѓа од чувањето домашен миленик, а не обратно.
МИА
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
-

ССМ на традиционален протест за 1 мај
