Документи од државен пазарен инспекторат докази во судењето за „Пулс“
Документи од државниот пазарен инспекторат за направени контроли во „Пулс“ како докази беа презентирани на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека.. Откако на минатото рочиште, адвокатите побараа иземање на обвинителката бидејќи ги толкуваше доказите, таа докумените денеска не ги објаснуваше.. Тоа ќе го направела во завршниот збор на крајот од судскиот процес..
„Почитувани, ова не е секојдневен и лесен судски процес. Овие докази се кај судот, но тука е и поротата, тука се многу обвинети со различна одбрана, тука е и јавноста која заслужува да добие јасен настап и изведување на докази од страна на нас обвинителите. Мораме да продолжиме јасно и прецизно да ги изведуваме и доказите за обвинетите од Пазарниот инспекторат, за да можеме да ги поврземе. Не е тоа пристрасност”, кажа во судницата обвинителката Наташа Сарамандова.
Според доказите, Државниот пазарен инспекторат неколкупати правел контроли во Пулс, локалот никогаш не бил казнет, добил само една опомена.. Немало ниту потврда од инспекторите дека ноќниот клуб ги исполнувал минимално-техничките услови за работа..
Судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица ќе продолжи во понеделник кога обвинителството ќе објави разговори кои сопствениот на Пулс ги водел со дел од останатите обвинети преку мобилни апликации..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
