Македонија
11. May 2024 - 16:33

Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови

Охридското езеро под огромен притисок од човекот

Доколку  продолжи загрозувањето на Охридското езеро, за 10тина години ќе почне исчезнување на ендемичните растителни и животински видови.

Експертите посочуваат дека езерото е под огромен притисок од човекот,неговата деградација денеска како никогаш порано е изразена преку интензивната урбанизација и недостатокот на правилен менаџмент на отпадните води.

Научната јавност смета дека државата е таа која траба да води поголема грижа за еко-системот на најстарото езеро во Европа и едно од 12те такви на број во целиот свет.

Државата треба да се грижи за водите, тие се од огромна важност и една држава мора да има јасна визија за нивна заштита и јасни граници за уништувањето на природата.

„Македонија треба да има јасна визија и методологија за зачувување на квалитетот на водите, но и да има одговор и јасно поставени граници за зачувување на животната средина“изјави Проф. Марија Глигора Удовиќ од Универзитетот во Загреб .

 „Генерално во светот индустријализацијата и развојот негативно влијаат врз животната средина што како последица има засилена еутрификација на водните еко-системи. Поради тоа луѓето и државите заеднички треба да работат на нивна заштита“, смета проф. д-р Јелена Крижмариќ-Биолошки факултет Белград.

Само со спроведување на законите и заедничка  соработка помеѓу надлежните институции,централната и локалната власт може  за да се заштитат водните ресурси, сметаат добрите познавачи.