Доколку добиете ваква порака на WhatsApp никако не ги отварајте линковите во нејзе и веднаш избришете ја!
Корисниците на WhatsApp повторно се на мета на измамниците кои масовно праќаат пораки во кои се обидуваат да ги наведат корисниците да ги откријат своите податоци за банкарски сметки.
Иако овие видови на измами не се ништо ново, аналитичарите ги нарекуваат паметни и проценуваат дека би можело да предизвикаат големи штети.
- Имаме информација за истекот на едногодишниот експеримент на користење на WhatsApp. По истекот, оваа апликација веќе нема да ви биде достапна па преку нејзе нема да може да праќате или примате пораки. За да продолжите со користење на WhatsApp ве советуваме да се претплатите на една од наведените опции - гласи пораката која корисниците ја добиваат.
Пораката потоа ги наведува корисниците на еден од линковите на веб сајт за корисници каде е потребно да се внесе број на телефон и останати лични податоци.
Потсетуваме, претплатата за користење на WhatsApp e укината во 2014. година кога е превземан од Фејсбук, што би можело да претставува проблем. Всушност оние кои WhatsApp ја користеле во претходниот период додека се наплатувало користењето би можело да наседнат на овој трик.
Доколку добиете порака со ваква содржина, блокирајте го бројот кој ви ја испратил за да не може повторно да ве контактира и никако не ги отварајте наведените линкови.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
