Македонија
30. јуни 2026 - 12:15

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран

До септември треба да биде готов основниот проект за наколната населба во Дојран. Од Струмичкиот завод и музеј информираат дека тендерската постапка завршила и веќе е избран проектантот кој ќе го работи основниот проект за населбата и музејот на вода. За потребите на проектот во моментов се разгледуваат две потенцијални локации на крајбрежјето, но конечната одлука треба да ја донесе oпштина Дојран. Она што е сигурно е дека населбата ќе биде поставена во Стар Дојран.

Идната културно туристичка атракција на Дојранското eзеро значително ќе се разликува од Заливот на коските во Охрид. За разлика од охридската населба каде што сите куќички се сместени на една голема заедничка платформа, тие во Дојран биле поставени на посебни платформи, меѓусебно поврзани со мостови.

Наколната населба во Дојранското eзеро беше откриена во 2012 година. Таа датира од преодниот период меѓу доцното бронзено и железното време. Оваа населба  а се смета за една од најбогатите и најразвиените праисториски населби од овој тип на Балканот.