Македонија
12. April 2023 - 12:32
До дуално образование да се надополнува недостатокот на стручен кадар
Дуално образование – решение за предизвиците со недостиг од стручен кадар.Струшкото стручно училиште „Нико Нестор“ преку практична настава ги подготвуваат учениците да се приспособат на реалните и актуелни потреби за работа. Пекари, слаткари и текстилци се едни од најбараните стручни кадри.
Учениците преку практичната работа која се одвива два пати неделно ги добиваат потребните квалификации во работните и организациски структури на компаниите кои немаат дополнителни трошоци за нивна обука за во иднина да може да градат кариера.
Преку дуалното образование младите во текот на нивното образование се стекнуваат со знаења и вештини потребни на пазарот на труд, а компаниите со спремен стручен кадар кој ќе може да одговори на работните задачи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
