Дневниот центар во Охрид заглавен во процедури
Неизвесно отворањето на дневен центар за деца со посебни потреби. Доколку не се завршат сите административни процедури, ќе пропаднат и обезбедените средства за негово опремување во просториите на поранешната касарна.
Општината го отстапи, но проблемот се јавил поради тоа што државата претходно го дала на користење просторот на општината.
Согласно проектот за згрижување и анимација за децата требаше да се грижат дефектолози, логопеди, физиотерапевти и негователи.
Родителите на децата со посебни потреби со години бараат простор за нивно згрижување, бидејќи како што велат, посебно децата со церебрална парализа кои не можат да се движат живеат во изолација.
Според најавите, игротеката требаше да прерасне во Дневен центар, за што се обезбедени средства од Светска банка, но постои опасност тие да пропаднат.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
