Дизелот поскапува за еден, а бензините за половина денар

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, одлучи РКЕ.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.
Според одлуката на Комисијата од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 74,50 денари за литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава по 76,50 денари/литар, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 денари за литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.
МИА
Ново на Сител
-

Ден на високи гости во рамки на вежбата „Блесок 26“
-

Оланд: Европа ќе мора да научи да живее сама, без поддршката од САД
-

Рокот за избор на претседател на Косово истекува утре или следуваат избори
-

Хјустон ја оствари својата прва победа во НБА плејоф серијата против Лејкерси
-

Салах, најверојатно, го одигра последниот натпревар за Ливерпул
-

Алонсо: Сè уште не сум подготвен да ја завршам кариерата во Ф1
-

Трамп: Напаѓачот е „болен човек кој ги мрази христијаните“
-

Портокалов ден во Градскиот парк по повод Денот на кралот на Холандија
