Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 5,5 денари по литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Согласно одлуката, највисоката малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 99 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 101, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 104,5 денари за литар. Екстра лесното масло за горење (ЕЛ1) поевтинува за 7 денари за литар и ќе се продава за 102,5 денари, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 денари по килограм и ќе изнесува 50,078 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,960 отсто, кај дизелот за 6,772, кај екстра лесното масло за 5,960 и кај мазутот за околу 4,084 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е за околу 0,753 отсто повисок од курсот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
МИА
Ново на Сител
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
-

Опозициските партии со остри реакции за потрошените пари за прославата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори
-

Болните од рак повторно останаа без дел од терапијата - надлежните уверуваат дека лекот ќе го има утре
