-->
-->
Димитријевиќ останува во Русија, уште една година ќе го носи дресот на Уникс
-->

Македонскиот кошаркарски интернационалец Ненад Димитријевиќ по неколку неделните дилеми за својата иднина сепак останува во Русија во дресот на Уникс Казан со кој имаше извонредна сезона.
Димитријевиќ минатата сезона играче во редовите на Уникс како позајмен кошаркар од шпанската Валенсија и откако ја раскина соработката со редовниот учесник во Евролигата се реши да остане во рускиот гигант уште една година со можност договорот да се продолжи.
Во меѓувреме популарниот Нено се поврзуваше со Партизан и Баерн Минхен но до нова промена на средината очигледно нема да дојде.
Уникс Казан е новиот руски кошаркарски шампион а еден од најдобрите во финалната серија секако беше Димитријевиќ кој беше прогласен и за МВП.
Нашиот репрезентативец покрај тоа играше добро и во регуларниот дел од сезоната каде настапи на вкупно 47 натпревари со просек од 12, 8 поени, 5,6 асистенции и 2,5 скока. Во просек Димитријевиќ играше 27 минути на секој натпревар.
Засега руските клубови не можат да играат во Евролигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
-

Сезонските работници во угостителството наголемо заминуваат, угостителите пак се надеваат на средношколците
