Дигитализацијата на судството ќе треба да ја победи „бавната“ правда
Дигитализацијата во правосудството ќе ги забрза постапките на сите нивоа, ќе го олесни доставувањето на докази и документи, комуникацијата меѓу засегнатите страни и институции и ќе ја подигне правната сигурност и довербата на граѓаните во правосудството. Изминатите две години на пандемија, изолација и редуцирани услуги за граѓаните, уште еднаш потврдија дека дигиталниот напредок треба максимално да се стави во функција беше истакнато на конференцијата на тема „Придобивките од 4-та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата на судството“.
Анализите во Министерството за правда покажуваат дека со воведувањето на овие алатки близу 70 посто ќе има побрзи и поефикасни постапки.
Со дигиталното судство ќе се овозможи побрза правда и ќе се намали корупцијата. Ќе се намалат трошоците во судските постапки, странките ќе заштедат на време и ќе има помал број на одложени судења.
Инаку, во земјава 5 основни судови се дигитализирани а во наредниот период се очекува целосна дигитализација во над 186 судници во 34 судови.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
